Германски племиња
ФРАНКИ
Франките прв се спомнуваат во 3 век. Тие живееле во северна Галија.
Нивниот водач бил Клодовик и тој прв ги обединил Франките. Тој го примил христијанството.
Државата на Франките била најмоќна во времето на кралот Карло Велики. Тој ја проширил државата кон Италија,Германија и Шпанија. Во 800 година со помош на папата Лав III, Карло Велики бил прогласен за император.
Кога Каро Велики умрел државата била поделена на 3 дела од кои подоцна создале државите Франција, Германија и Италија.

-Територија на Франкте
Вандали
Вандалите биле источногерманскo племе кое почнало да се сели преку реката Рајна во 406 година, разорувајќи ја Галија три години пред да ги премине Пиринеите во Шпанија. Околу 442 година, Вандалите ги освоиле римските провинции во Северна Африка. Вандалското кралство постоело од 429 година до 534 година, а во 455 година, Вандалите го ограбиле Рим. Поради тој настан, денес, името „вандал“ е симбол за уништување.
Во 553 година Вандалското кралство било уништено и станало дел од Византија. Вандалите биле поделени, а голем дел од Вандалите биле протерани во Константинопол, каде што станале дел од византиската војска.

Готи
Готите најпрво ги населувале јужните делови на Шведска и островот Готланд, кој по нив го добил и своето име. Кон средината на I век п.н.е. еден дел од Готите ги напуштил овие територии и се тргнал на југ и се населиле по течението на реката Висла.

Кон средината на II век Готите продолжиле да се селат на југоисток, кон Црното Море и покрај реката Днестар. Во III век (околу 291 г.) Готите се поделиле на Источни и Западни, односно на Остроготи и Визиготи. Тие ги напаѓале териториите на Римското Царство и по копно и по море
Во IV век кај Готите започнало да се шири христијанството.
Кон крајот на IV век, бегајќи од Хуните Визиготите и Остроготите се населиле во Римското Царство. Визиготите продолжиле на запад под водство на кралот Аларик и подоцна основале држава во денешна Шпанија со главаен град во Толедо. Остроготоите, под водство на кралот Теодорик ја основале својата држава во денешна Италија со главен град во Равена
Кралството на Остроготите било уништено од Византија во VI век, а кралството на Визиготите било уништено од арапските оцвојувачи во VIII век.
Лонгобарди

Лонгобардите потекнуваат од северна Германија. Подоцна почнале да се селат на југ и во V век се населиле на териториите на денешна Австрија, Словачка и Унгарија. Кралот Албоин ја искоритил војната меѓу Остроготите и Византија и ја освоил северна Италија, а потоа Лонгобардите ја основале својата држава во северна и централна Италија. Оваа држава го достигнала врвот во VIII век. Подоцна била освоена од Карло Велики.