Периодизација на среден век
Периодизација на средниот век се однесува на поделбата на Средниот век во различни подфази или периоди за полесно разбирање и проучување на овој долготраен историски период. Бидејќи феудализмот не останал ист и минувал во различни фази од развојот, историјата на средниот век е поделена на три периоди
Ран среден век (5-ти до 11-ти век) започнува со падот на Западното Римско Царство во 476 година. Периодот е обележан со формирање на варварските кралства, ширење на христијанството и почеток на феудалниот систем

Развиениот среден век (11-ти до 15-ти век) е период на економски и културен раст во Европа, со силни кралства како Франција и Англија. Црквата станува многу моќна, а феудалниот систем е на врвот. Карактеристични се крстоносните војни, развојот на градовите и основањето на универзитетите.

Доцен среден век (доцен феудализам) кои траел од 16 век до 17 век.Овој период е обележан со економски и политички кризи, како што се Црната смрт (епидемија на чума), Стогодишната војна и опаѓањето на феудализмот. Ова е и време на пораст на националните држави и на почетокот на Ренесансата, која го означува крајот на средниот век.

