Хан аспарух
Аспарух бил еден од најзначајните ханови во бугарската историја и основач на Првата бугарска држава. Тој бил син на ханот Кубрат, владетел на “Стара Велика Бугарија”. По смртта на Кубрат, Аспарух и неговите браќа се раселиле поради нападите на Хазарите

Во 680 година, Аспарух го предводел своето племе, преминал Дунав и се населил во денешна североисточна Бугарија, основајќи го Првото бугарско царство. По победите над Византија, која ја контролирала територијата, Византија во 681 година го признала царството, што се смета за почеток на бугарската државност.

Хан Аспарух е историски запаметен како лидер кој успеал да обедини различни племиња и да изгради стабилма држава која траела со векови, оставајќи длабок белег во историјата на Бугарија и Балканот.