Луј Пастер
Луј Пастер (француски: Louis Pasteur; 27 декември 1822 – 28 септември 1895) бил француски хемичар и биолог, кој во првите истражувања дошол до заклучок дека топлината ги уништува штетните бактерии и со тоа ја поставил основата на постапката за стерилизација при хируршките зафати, што во негова чест била наречена „пастеризација“.
Утврдил дека ферментацијата била биолошки процес и ги побил дотогашните теории за спонтаната регенерација на микроорганизмите. Пастер го задолжил човештвото со откритието на вакцината против беснило, до која дошол по низа експерименти во 1895 година.
На 6 јули 1885, Луј Пастер успешно ја тестира својата вакцина против беснило на пациентот Јозеф Мајстер, деветгодишно дете гризнато од бесно куче
Пастеризација
Пастеровото истражување на ферментацијата му овозможило да заклучи дека поголемиот дел од проблемите на појава на зараза во прехранбената индустрија бил предизвикан од микробите. Микробите се присутни во воздухот или во лошо измиените садови

Животот произлегува од живот
Од дамнина, биле предложени најневозможни идеи за да се објасни појавувањето на инсектите, црвите или другите суштества во материја која се распаѓа. На пример, во XVII век, еден белгиски хемичар се фалел дека предизвикал појава на глувци на тој начин што пикнал една валкана блуза во тегла со пченица!


квиз за Луј Пастер