|

Вудро Вилсон

Вудро Вилсон

Томас Вудро Вилсон бил роден во Вирџинија на 28 декември 1856 година.Тој бил третиот од четирите деца на свештеникот Џозев Раглса Вилсон и Џенет Вудроу.

 Родителите на неговите родители се емигранти во САД во околината Страбана, округ Тајрон во денешна Северна Ирска. Тој живеел во Колумбија, главниот град на државата на Јужна Каролина од 1870 година до 1874. Неговите родители се преселиле на југ во 1851 година и започнале отворено да ја поддржуваат Конфедерацијата.

Статуа на Вудро Вилсон пред општина Чаир

Вудро Вилсон имал тешкотии во читањето, но тој успеал да се здобије со академско образование благодарение на одлучноста и дисциплината. Тој посетувал домашно училиште, и поминал една година во колеџот Дејвидсон пред да се пресели во Принстон, а дипломирал во 1879 година. Тој потоа студирал право на Универзитетот во Вирџинија. Степенот на доктор на политички науки го стекнал во 1886 година на новооснованиот Универзитет Џон Хопкинс.

Квиз за Вудри Вилсон

Провери си го твоето знаење за Вудро Вилсон со интересни прашања.